Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Објавена најновата четиридневна прогноза

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до понеделник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

Процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m² за 24 часа) , засилен ветер и појава на грмежи. Од вторник се очекува стабилизирање на времето.

Прогноза за 09.11.2025
Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 18°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 10.11.2025
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во источните делови. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 11.11.2025
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 12°C до 19°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК