30. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Многу се разликуваме од политичките противници – ние сме прогресивни, тие се заглавени во минатото

„По многу нешта се разликуваме од нашите политички противници. Ние сме прогресивни, ориентирани кон иднината, тие се заглавени во минатото, во минатото на Груевски, но и општо во минатото“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во вестите на Сител по повод почетокот на кампањата за локалните избори.

Како друга причина по која СДСМ се разликува од политичките опоненти ги истакна кандидатите.

„Анкетитте покажуваат дека ние ги избравме најдобрите кандидати, додека тоа не го препознав кај ВМРО-ДПМНЕ. Некои други причини како блискост до лидерот, финансиите на кандидати и слично беа репер за тоа како се носат одлуките во ВМРО-ДПМНЕ. Ние одлучувавме за најдобрите и посветивме доста финансиски ресурси за добри анализи, бидејќи граѓаните го заслужуваат најдоброто“ кажа Заев.

Како трета особина која ги разликува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, премиерот Заев ги истакна програмите и проектите.

„Тука сме многу различни. Секоја општина ги има стандардните проекти за решавање на проблемите со кои живее локалното население. Но сите имаат и една група доминантни проекти кои треба на убаво да го сменат ликот на општините. Доминира зелената агенда, одржливите работни места и градењето на благопријатно место за живот на сите. Да биде доволно привлечно за сите да остнаат да работат и да го димензионираат квалитетно својот живот овде“ кажа Заев.