30. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Локалните избори ќе ја испратат пораката во кој правец треба да продолжи да се движи земјата

„Според сите анализи, нашите очекувања се дека ќе имаме најмногу градоначалници, најмногу советнички места и најмногу гласови како владина коалиција. Овие избори се важни бидејќи испраќаат порака по кој пат треба да се движи Северна Македонија, граѓаните ќе кажат во кој правец треба да продолжиме“ кажа премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев на вестите на Сител ТВ.

Тој додаде дека на Северна Македонија не ѝ требаат нови парламентарни избори, туку ѝ треба период во кој ќе се работи на економијата и на подобрување на стандардот. Сепак, најави дека доколку пораката на локалните избори е спротивна од нивните очекувања, отворени се сите можности.

Запрашан за предизвикот на одржување на избори во време на пандемија, премиерот Заев истакна дека државава веќе има такво искуство од минатата година, кога покажавме дека доколку сакаме можеме да се придржуваме до сите протоколи и мерки.

„Важно е да го искористиме овој момент и да испратиме порака до нашите симпатизери и поддржувачи да внимаваат, да држат дистанца, да ги почитуваат мерките и протоколите бидејќи нема ништо поважно од здравјето на граѓаните“ кажа Заев.