Денеска времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и посвежо. Ќе има повремен локален дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, поизразен вдолж Повардарието.
Утре ќе биде променливо облачно и свежо со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.
До четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, а од четврток и утринските ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени.
Прогноза за 23.09.2021
Минимална температура: 4°C до 13°C
Максимална температура: 15°C до 24°C
Претпладне променливо облачно, а попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Прогноза за 24.09.2021
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 28°C
Наутро студено, а преку денот сончево со мала облачност.
Прогноза за 25.09.2021
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 23°C до 30°C
Наутро студено, а преку денот претежно сончево.