23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Демократскиот Сојуз на Власите со жесток демант за лажната вест на опозициските портали

ДEМАНТ на текст под наслов „Демократскиот Сојуз на Власите од Струга ја напушти коалицијата со СДСМ“ објавен во одредени медиуми:

Демократскиот Сојуз на Власите од Македонија најостро ги осудува лагите и невистините искажани од самонаречени челници на Општински организации на политички партии кои единствено нудат лажни вести во нечиј интерес.

Секогаш кога се наближува изборно соочување со граѓаните, се зголемува интензитетот на лажни вести и конструкции и измислици од страна на поединци и опозицијата.
Водењето држава и општини е посложено од пишување статуси на Фејзбук и други социјални платформи и давање лажни изјави. Тоа граѓаните одлично го разбираат и затоа одново ќе го казнат нечесното и неодговорното дејствување.

Се работи за човек кој веќе не е член на партијата и соодветно на тоа не може да носи одлуки за влегување или излегување на партијата од некоја коалиција.ДСВМ има тела кои сериозно работат и се залагаат како за членството, така и за целиот влашки народ во Република Северна Македонија.

Очигледно ова е уште еден обид на опозицијата предизборно да монтира непостоечки ситуации!

Јас како Претседател на Демократскиот Сојуз на Власите барам од медиумите да го објават овој демант, а против лицата што лажно се претставуваат следуваат соодветни пријави, се вели во демантот потпишан од Николче Бабовски, претседател на Демократскиот сојуз на Власите.