Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец: Идејата за трибината за независноста е на Фрчкоски

Трибината “Патот до независноста” организирана Владата и од премиерот Заев, попладнево побуди бури од емоции и сеќавања поттикнати од историските сведоштва на Стојан Андов, Љубомир Фрчкоски, Џевдат Хајредини, Ѓулистана Маркоска, Васил Тупорковски, Насер Зибери, Денко Малески и Мухамед Халили.

“Идејата за организација на денешната трибина за независноста е на професорот Фрчкоски. Тој му предложи на премиерот Заев да организираме настан во кој современиците на 90-тите ќе сведочат за случувањата кои ни донесоа независна држава. Премиерот ја поздрави идејата, даде задача на кабинетот и влеговме во организација, а еве денес мило ни е што имаме современ настан со политички ветерани, но и современ дигитален запис за историските државотворни случувања во 1991 година.” – брифираше националниот координатор за комуникации во Владата, Забрчанец на прашање на Сител.

Забрчанец информираше дека на трибината поканети биле и Петар Гошев, Емилија Симовска, Гордана Силјановска, Владо Поповски, Илинка Митрева, Билјана Лазаревска и Радмила Кипријанова, но од оправдани причини не биле во можност да се приклучат на денешната дебата.

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +