9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец го дал автомобилот на поправка, но не му го вратиле со месеци

Скопјанец на возраст од 51-година во полицијата пријавил дека уште во јули го дал својот автомобил на поправка, но досега не му бил вратен назад. Мајсторот што ветил дека ќе го поправи возилото, постојано наоѓал изговори.

„Д.С.(51) од с.Бардовци, скопско, пријавил дека на почетокот на јули со Н.С. се договорил да му го поправи неговото возило, но до денот на пријавувањето Н.С. не му го вратил возилото поправено и секогаш наоѓал разни изговори“, велат од МВР.

Со пријавениот бил извршен разговор, а возилото „опел омега“ било најдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена пријава.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.