27. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Калеска-Ванчева: Оставките по трагедијата во Тетово се доказ за моралната и етичката одговорност

„Пис,ените оставки стигнаа по само еден ден од трагедијата. Единствениот начин да се поднесат оставки е да се достават до мандатарот и тие се архивираат во Владата“ кажа пратеничката на СДСМ Снежана Калеска-Ванчева во емисијата „Патот кон“ на Алсат М ТВ.

Таа додаде дека се манипулација вестите кои кажуваат дека оставките не се поднесени и додаде дека сега останува на претседателот на Владата да процени дали во овој момент врвен приоритет е фокусот да биде даден на моралната и етичката одговорност и тие луѓе да заминат или фокусот да биде ставен на брзо и ефикасно спроведување на истрага за несреќата која ќе ги даде одговорите.

„За мене најважно е здравствениот и државниот систем секојдневно и во секој сегмент да функционираат, а не да ги оставиме институциите без луѓе кои ги менаџираат“ кажа Калеска-Ванчева.

Пратеничката од СДСМ кажа дека вечерта по несреќата, министерот за здравство Венко Филипче веднаш замина во Тетово, каде заедно со останатиот државен врв остана до доцна во ноќта и беше формиран кризен штаб.

„Во Тетово се формираше кризен штаб за веднаш да се интервенира, да се обезбеди функционирање, заштита каде што тоа е потребно, но и да се направи се што може за да се даде одговор на клучните прашања“ кажа Калеска-Ванчева.