9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Калеска-Ванчева: Опозицијата од првиот момент по трагедијата во Тетово се труди да извлече политички поени

„Тоа што државниот врв беше на местото на несреќата не е политизација, тоа така треба да биде. Политизација е тоа што го прави опозицијата, која од ваква трагедија од првиот момент се труди да извлече политички поени“ кажа пратеничката Снежана Калеска-Ванчева во емисијата „Патот кон“ на Алсат М ТВ.

Таа додаде дека опозицијата тоа го прави уште од самиот почеток на пандемијата, кога се обидуваат да ги политизираат судбините на граѓаните и да ќарат политички поени на трагедија.

Пратеничката Калеска-Ванчева ги коментираше и манипулациите на ВМРО-ДПМНЕ дека пратениците на власта не дозволиле разрешување на министерот Филипче по членот 115 од Деловникот на Собранието.

„Ние сме законодавен дом и постапката е јасно опишана во Уставот, законите и Деловникот. Кога веќе се цитира членот 115, кој да вели дека Собранието може да ги разреше носителите на јавни функции кои ги избира, да се цитира и членот 219 кој вели дека кога станува збор за јавни функции кои не се дел од Собранието, Собранието расправа само по материјал кој е стигнат од Владата. Не можеме ние да расправаме за тоа“ кажа Калеска-Ванчева.