26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски на работна средба со проектниот лидер во рамките на проектот ,,ЕУ поддршка за владеење на правото“-ИПА 2020 г-ѓа Кузмички

Денеска , (16.09.2021 )во рамки на редовните активности за следење на имплементацијата на проектите кои се дел од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски имаше средба со Мојца Кузмички , проектен лидер во рамки на проектот ,,ЕУ поддршка за владеење на правото“-ИПА 2020 и лидерот на компонентата 2, Гунтер Бехтлоф.

На состанокот покрај министерот Спасовски учествуваа и помошник директорот од Одделот за криминалистичка полиција Оливер Лукароски и началникот на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал Ветон Кранлиевски како крајни корисници во рамки на Министерството за внатрешни работи, а целта беше кратка презентација и запознавање со проектот кој што започна со имплементација на 18 јануари 2021 година и ќе трае 5 години.

Министерот Спасовски на средбата истакна дека му претставува задоволство што како имплементатор на активностите во рамките на компонентата 2 од проектот се јавува токму Министерството за внатрешни работи на Република Австрија со кое веќе имаме воспоставено одлични односи.

,,Владеењето на правото и борбата против организираниот криминал претставуваат врвен приоритет за секоја современа држава, во таа насока Република Северна Македонија вложува максимални напори да обезбеди непречено владеење на правото и спроведување на законите ,, истакна Спасовски. Проектниот лидер Мојца Кузмички искажа благодарност до министерот Спасовски за можноста да се сретнат и од нејзина страна беше кажано дека општата цел на проектот е поддршка на владеењето на правото во согласност со европските и меѓународните стандарди.

За време на средбата беа презентирани детално активностите предвидени во рамките на компонентата 2, каде што Министерството за внатрешни работи е главен координатор и краен корисник и беа презентирани досега преземените активности и резултатите од истите, како и идните активности кои се планирани да се спроведат почнувајќи од следната недела.

Министерот Спасовски истакна дека -, Проектот ,,ЕУ поддршка за владеењето на правото“ е од исклучителна важност за нас и дека со имплементацијата на активностите предвидени во рамките на овој проект значително ќе се зајакнат капацитетите на институциите за спроведување на законот вклучително и на Министерството за внатрешни работи,при што на крајот од средбата и двајцата соговорници изразија уверување дека соработката ќе продложи и во иднина со зајакнат интензитет.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Спасовски: Обединети сме во слободата, а чувањето на независноста е наша заедничка обврска

M T

Работна средба на министерот Спасовски со Шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која

M T

Спасовски: Од денеска сите вработени во МВР добиваат покачување на платата од 5%

M T

Спасовски: 5 нови возила и 2 комбиња за Одделот за специјални полициски операции

M T