23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев одговори дали размислувал за оставка: За што, Мицкоски да дојде премиер да биде?

За што, Мицкоски да дојде премиер да биде? Не, не размислувам за оставка!, истакна денеска премиерот Зоран Заев, на прашањето дали тој размислувал да си поднесе оставка од морални причини.

-За што, Мицкоски да дојде премиер да биде?! Не, не размислував. Затоа што Мицкоски ќе биде премиер или заменик премиер претседателот на Алијанса, Зијадин Села, кога ќе заслужат. Кога ќе имаат емпатија со народот. Кога ќе бидат тука да помогнат, кога ќе дадат идеи. А не вака грозотијата да ја користат на најлош начин. Кога е во длабока болка и црнина целата наша држава и народ. И тоа за трите дена жалост, без да мислат за чувствата на децата, на родителите и на сите нас, истакна Заев, кој додаде дека додека вака се однесувале никогаш немало да дојдат на власт.

Во однос на понудените оставки рече дека нема дополнителен коментар зашто за тоа, нагласи, секој ден дава изјави.

-Трагедијата не погоди сите и ќе ја памтиме цел живот. Изгубивме животи. Да ги причекаме форензичките извештаи, нагласи премиерот.

Тој уште еднаш рече дека сите покажале чувство на одговорност, доаѓајќи веднаш на местото на несреќата за да помогнат некако. Злоупотребувањето на болката низ која минува цел народ, рече Заев, е чисто политиканство.