Република Северна Македонија останува посветена на глобалната хуманитарна акција која има за цел да им помогне на граѓаните од Авганистан, кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот.
Организацијата „Тиркиз моунтејн“ е основана во 2006 година од принцот Чарлс со хумана мисија, која изминативе години имаше свои успешни активности во Авганистан.
Дополнително, оваа организација реставрираше повеќе од 150 историски објекти, третираше околу 165 илјади пациенти во клиниката во Кабул, отвори и поддржа повеќе од 50 мали бизниси во Авганистан, Мјанмар, и други активности.
Лицата ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација. Трошоците и за оваа група ќе бидат целосно покриени од меѓународните организации.
Денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје пристигнаа 44 граѓани од Авганистан, односно од организацијата „Тиркиз моунтејн“ (Тurquoise Мountаin). Овие лица се активисти на оваа организација, но меѓу нив има и членови на нивните семејства.
По слетувањето предвидена е стандардна процедура, поддршка од Црвениот крст, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина.