Иако почнавме од нула, за овие четири години заедно со мојот тим успеавме да реализираме бројни капитални проекти, кои драстчно го подигнаа квалитетот на живот во секој дел од општина Ѓорче Петрив, посочи во интервју за порталот Фокус, градоначалникот на општина Ѓорче Петров.
„80% од програмата е реализрана. Навистина беше обемна а тоа зборува и за тоа колку е сработено и како рационално се искористени парите на граѓаните. И во услови на пандемија и концентрирање на средствата во здравствени цели, со сите напори, паралелно и подеднакво работевме на сите полиња, инфраструктурата, образованието, социјалата, спортот. Изговори нема. Но “приказната“ не е завршена. Оставивме зад себе 110 реконструирани улици, ново ЛЕД осветлување, спортска сала во ООУ Јоаким Крчоски, Корзо, нова градинка во Волково, нови линии на водоводна и фекална мрежа, подобри услови за спорт и образование“ истакна Наумоски.
Наумоски посочи дека граѓаните ја гледаат разликата и ги чувствуваат придобивките од посветената работа и дека тоа соодветно ќе го ценар.
„Претходно, општината долго време беше запуштена и навистина требаше да инвестираме во основите потреби на граѓаните, но никој не беше изоставен. Во време на криза сепак успеавме да го подобриме секојдневието на ѓорчепетровци, до успехот се стигнува чекор по чекор, заклучи Наумоски.