Centar.mk
фото Општина центар
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Уште првата година ќе ги почнеме капиталните проекти

„Во изминатите четири години реализиравме 13 милиони евра капитални проекти, со сопствени средства на граѓаните, инвестирани во нови градинки, проширување на капацитети на училиштата, ново осветлување, ново зеленило“. Ова го потенцираше кандидатот за градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовкски во гостувањето на Канал 77.

Тој, рече дека се оди и чекор понапред, задолжувањата што биле наследени, скоро целосно се исчистени, а следната година општината нема да има никакво задолжување.

„Во новата програма, предвидени се два затворени базени, кои ќе бидат наменети за потребите на нашите ученици и ќе се користат бесплатно. Планираме, што е можно побрзо, уште од првата година од мандатот да ги отпочнеме капиталните проекти. Инвестираме многу во училиштата. Скоро сите се реконструирани, спортски сали, внатрешни и надворешни спортски терени, училници. Следниот чекор е зголемување на просторно-капацитетните можности на училиштата, за да не дозволиме ниту едно дете да оди во втора смена. Целта е во сите училишта наставата да се одвива едносменски“, рече Герасимовски.

Во гостувањето на Канал 77, Герасимовски информираше дека за сите првачиња четири години се обезбедуваат бесплатни ранци и училишен прибор.

„Од оваа година, воведовме и бесплатни униформи за сите ученици од прво до деветто одделение во сите осум училишта. Како што веќе најавивме, ќе обезбедиме бесплатни здрави оброци за учениците од прво до четврто одделение, како и бесплатни екскурзии за учениците од петто до деветто одделение, кои целосно ќе ги покрива општината. Сето ова е со цел децата да ги запознаат убавините на нашата Македонија“, додаде Герасимовски.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: СДСМ направи историска капитулација со Бугарија, само мекотели политичари кои клечат на колена како Филипче изјавуваат дека ние сме ја провоцирале Бугарија

ДЕСК

Митева како политички незрел потег ја оцени најавата на СДСМ за повлекување од работната група за изборниот законик

ДЕСК

Мисајловски ги отвори редовните билатерални одбранбени консултации со САД – нашето стратешко партнерство ја зацврстува македонската одбрана и колективната безбедност во НАТО

ДЕСК