8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Морална одговорност немаше за најголемата катастрофа во поновата историја во Стајковци, но денес има – Низ историјата само неколку политичари поднеле оставки по неколку поголеми несреќи во Македонија

Во 30-годишната државна историја на Македонија од познатите факти до кои можевме да стигнеме, само неколкумина политичари кои поднеле оставка од морални причини по несреќи.

Во 1993 година, по две авионски несреќи во Скопје и Охрид, оставка поднесе тогашниот министер за сообраќај и врски, Антони Пешев.

Втора оставка по атентатот на тогашниот претседател Киро Глигоров, поднел во 1997 година Љубомир Фрчковски тогашен министер за внатрешни работи.

Оставка, која што не беше неотповиклив и не беше прифатена поднел и Миле Јанакиевски, министер за транспорт кога загинаа 15 бугарски туристи на 5 септември 2009 година во близина на кампот „Елешец“. Миле Јанакиевски продолжи да го води Министерството за транспорт се’ до избувнувањето на мега скандалот со прислушкувањето.

Четврта поднесена оставка по несреќа е оваа на Венко Филипче, по пожарот во тетовскиот клинички центар, во кој загинаа 14 лица.

Најголемата несреќа во поновата историја – поплавите во Стајковци и скопскиот регион со 21 загинат и невидена материјална штета заврши без морална и кривична одговорност

Тогаш во поплавите биле пронајдени 21 загинато лице.

Загинатите се пронајдени во реонот на приградските населби Сингелиќ, Стајковци, Црешево и обиколницата кај Смилковци, каде поплавите од 6-ти август 2016-та оставија пустош зад себе, оштетувајќи домови, возила и инфраструктура.

Ниту еден политичар или функционер не си поднесе оставка по оваа несреќа. Тогаш градоначалник на Скопје и премиер имаше ВМРО ДПМНЕ.

Низ историјата имало и други несреќи за кои можело да се размислува за оставки, но досега ретко кој се обидувал да превземе морална одговорност.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК