20.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Никогаш не се откажа од одговорност, Филипче покажа морал, виновниците за пожарот ќе ги открие истрагата

Министерот за здравство, Венко Филипче поднесе оставка од функцијата, по трагичниот настан од модуларната болница во Тетово, каде животот го загубија 14 лица. Ова е првпат неколкумина функционери да се решат на истиот чекор, односно вкупно четири оставки беа поднесени како чин на морална одговорност, бидејќи тоа претходно во денот го сторија и заменикот министер за здравство Илир Хасани, директорот на болницата во Тетово, Фљорин Бесими, како и економскиот директор Артан Етеми. 

Ваквата демонстрација на морал и одговорност министерот Филипче ја образложи на вонредно обраќање до јавноста.

-Пред година и пол го регистриравме првиот ковид случај, тогаш имавме две прес конференции од оваа говорница. Оттогаш до денес секогаш стоев отворено и транспаретно пред граѓаните соопштувајќи и лоши и добри вести. Не бегав од критика, никогаш не останав должен одговор, не се откажав од битката да ја победиме пандемијата. Сите одлуки беа со една единствена цел, а тоа е да се заштити здравјето на граѓаните, изјави Филипче.

Тој кажа дека трагедијата во Тетово многу го погодила, жали за загинатите и сочувствува со семејствата. Нема зборови, додаде Филипче, што тоа може да го опишат ниту начин да се надомести загубата.

-Како лекар и министер имам интегритет, затоа од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев. Сакам да се заблагодарам на сите кои веруваа и ме поддржуваа во работата, одговорните задачи и предизвиците со кои се соочував. На крај посебно се заблагодарувам на претставниците на медиумите за нивната транспарентност, посветеност и поддршката што ја добивав во најтешките моменти во борба со пандемијата, заклучи Филипче.(Ј.С.)