Неодамна беше откриено дека грчките мажи се најдобри во кревет – поттикнати од здравата медитеранска исхрана со риба на скара, маслиново масло и фета сирење. А што со луѓето од другите земји?
Од цицање ножни прсти во Манчестер до лажица-поза во Полска, во секоја земја постои нешто врзано за сексуалноста со кое можат да се идентификуваат повеќето луѓе на одредена земја.
Секс-мапата на светот открива во кои земји некои форми на сексуално однесување се најчести кај нивните жители.
Јапонија – сексуална суша
Само 34 проценти од луѓето во Јапонија имаат секс еднаш неделно, што ги прави сексуално најнезадоволни во светот, покажа истражувањето на „Дурекс“. Долгото работно време е поврзано со недостаток на физички контакт помеѓу сопружниците.
Франција – брз секс
Според истражувањата, Французите сакаат секс набрзина. Нешто повеќе од половина мажи можат да го продолжат сексот со одложување на ејакулацијата, а само кај шест проценти задржување трае 13 минути.
Грција – разигран секс
Во Грција, 87 проценти од луѓето имаат секс најмалку еднаш неделно, според „Дурекс“ – повеќе отколку во која било друга земја. Тие беа најдобри во една студија која ги истражуваше сексуалните навики на 30.000 луѓе од 26 националности.
Норвешка – најсилните оргазми
Норвешка е навикната на студени денови, но се чини дека е и светска престолнина на оргазми, според компанијата за секс-играчки „Лело“ – бидејќи 35 проценти од населението вели дека доживуваат оргазми секој ден.
Обединето Кралство – предигра и фетиши поврзани со нозе
Британска анкета за секс покажа дека 1,5 милиони луѓе во Велика Британија имаат фетиш на стапалото, а Манчестер е градот каде што прстите на нозете се најмногу цицани во Велика Британија. По него е Лидс, а потоа Шефилд. Тие се и светски лидери во предиграта.
Белгија – жената има контрола
Позата во која жената е над мажот и завртена кон него е најпопуларната секс-поза во земјата каде што се обожава пиво, според истражувањето на медицинската страница „Д-р Ед“ .
Полска – лажица
„Спунинг“ или лажица е секс-поза во која партнерите лежат на страна прилепени еден до друг, а мажот е зад жената. Се покажа дека е омилена полска поза.
Русија – ден на зачнување
Руската влада го прогласи 12 септември за Ден на зачнувањето, охрабрувајќи ги двојките да останат дома и да имаат секс. Паровите кои ќе добијат дете девет месеци по Денот добиваат награда од државата.
САД – тројка
САД се вистинското место за оние кои сакаат да пробаат секс во тројка. Според апликацијата за запознавање 3somer, Њујорк има најголем апетит за секс со двајца партнери, следуваат Лос Анџелес и Чикаго. Еден од девет Американци бил во полиаморна врска – врска во која има повеќе луѓе кои имаат секс едни со други со согласност на сите инволвирани. Академското списание Frontiers in Psychology пишува дека дури еден од шест Американци би сакал да проба ваква врска.
Романија – страв од сексуално преносливи болести
Околу 40 проценти од Романците веруваат дека сексуално преносливите болести можат да се пренесат од човек на човек ако користат јавен тоалет, според Global Sex Survey.
Бразил – издржливост
Бразилците, кои во просек издржуваат околу 30 минути активен секс, се светски освојувачи на златен медал во сексуална издржливост. Но, 44 проценти од жените во Бразил признаваат дека глумат оргазам, тврди The Penguin Atlas of Human Sexual Behaviour.
Германија – нудисти
Една третина од луѓето го сакаат нудизмот, а нацијата има повеќе клубови на свингери од која било друга земја во Европа, пишува британски „Сан“.
Нов Зеланд – жените имаат најмногу партнери
Страсните жени во Нов Зеланд уживаат во богато и разновидно време поминато во сексуални активности, со просек од 20,4 сексуални партнери во текот на својот живот. Тоа е најголем број партнери во светот за жени.
Австрија – мажите имаат најмногу партнерки
Истражувањето откри дека австриските мажи имаат најголем број сексуални партнерки во светот во текот на животот, во просек 29,3, според студијата на Condoms.uk.
Тајланд – мамење
Повеќе од половина од тајландското население признава неверство, тврди „Дурекс“. Имање љубовница е дел од тајландската култура со векови, а постои и модерен тренд каде мажите и жените имаат дополнителни „пријатели“ – не секогаш за секс.
Кенија – најверни во светот
Според глобалниот извештај за родителството, State Of The World’s Fathers, мажите во Африка се со поголема веројатност да имаат деца со две жени или повеќе во споредба со остатокот од светот. Но, мажите од Кенија се на врвот на листата на најверни на континентот.
Италија – орален секс и храна
Повеќе од 80 проценти од Италијанците уживаат во орален секс, покажа истражувањето од 2019 година. Четвртина од италијанските парови заедно гледаат порнографија, а 24 проценти користат сексуална помош или храна за возбуда. Речиси половина од паровите таму имаат секс два до три пати неделно.
Индија – мразат кондоми
Истражувањето на „Дурекс“ покажа дека 95 проценти од Индицијте не користат кондоми, што доведе до форум на Твитер под хаштагот #HateCondoms со прашањето зошто. Испитаниците сугерираат дека ова ја намалува интимноста и дека има „недостиг на осет“ на интимните делови од телото.
Кина – најмалку оргазми
Според студијата на „Дурекс“, Кинезите имаат најмалку оргазми во светот, а околу 76 проценти од луѓето не можат да постигнат оргазам секој пат кога имаат секс.