Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Министерот Венко Филипче поднесе оставка од морални причини

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва соопшти дека поднел оставка од функцијата.

– Последната трагедија во Тетово многу ме погоди. Многу жалам за загинатите, сочуствувам со нивните семејства. Нема зборови кои тоа што можат да го опишат. Денеска од морални причини понудив пишана оставка до премиерот Зоран Заев.

Филипче им се заблагодари на сите кои го поддржуваа во изминатиот период во борбата со пандемијата.

Неговата оставка, заедно со оставката на заменик министерот и двајцата директори во тетовската клиника доаѓа молскавично брзо, по неполни 48 часа од трагедијата во тетовската ковид модуларна болница, каде под неразјаснети причини настана пожар при што загинаа 14 лица.

Ова е една од ретките оставки низ историјата на политичари по несреќи кои се случиле најчесто во деведесетите години.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК