Centar.mk
ТЕМАБИЗНИСИЗБОРвест

БДП е зголемен за 13,1%, растат и извозот и увозот

Во вториот квартал од 2021, БДП се зголеми за 13.1% на годишна основа, при што извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 62,2 отсто, а увозот на стоки и на услуги се зголеми во номинален износ од 64,4 отсто.

-Во второто тримесечје пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 46 отсто; Б, В, Г и Д – Рударство и вадење на камен; Преработувачка индустрија; Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација; Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината од 11,4  и Ѕ – Информации и комуникации од 5,7 отсто, соопштија од Државниот завод за статистика.

Според податоците, финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во второто тримесечје номинално се зголеми за 14,9 отсто, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,2 отсто.

Растот на БДП од 13,1 процент во вториот квартал од годинава укажува дека кризата одминува и економијата заздравува, оцени денеска премиерот Зоран Заев.

– Официјално е објавено од Заводот за статистика дека во вториот квартал од годинава е регистриран позитивен раст на Бруто домашниот производ во износ од 13,1 процент. Ова значи дека првото полугодие од оваа година постигнавме раст на БДП од 5,6 проценти, истакна Заев.

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ – 45 години заедно за македонскиот ракомет

ДЕСК

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

ДЕСК

Одбележана соработката на МФ со САД – Градење на институционалните капацитети и модерен и силен систем на јавни финансии

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.