Centar.mk
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Еве што се случува со бактериите ако ја перете облеката на 30 или 40 степени

Иако перењето облека на пониски температури може да изгледа како добра идеја, но и попријатна за животната средина, некои истражувања ја отфрлија идејата и велат дека алиштата сепак треба да се перат на малку повисоки температури.

Според истражувачите, облеката што се пери на ниски температури може да пренесе бактерии како што е Ешерихија коли, која живее на нашата кожа и во телото, на температура од 37 степени. Тоа значи дека ниската температура од 30 степени нема да ги убие, пренесуваат медиумите.

Од таа причина, микробиолозите советуваат облеката да се пере најмалку 60 степени, што посебно важи за детската облека бидејќи децата се почувствителни и нивниот имунитет не е секогаш целосно развиен.

За да бидете сигурни дека ќе се ослободите од сите бактерии со миење, експертите ве советуваат периодично да го „вртите“ празниот барабан во машината. Празен барабан, приклучете на највисока температура, на 90 степени, за да се ослободите од сите бактерии.

Можеби ќе ве интересира

Овие два хороскопски знаци ќе пливаат во пари во 2026 година

ДЕСК

Што ви носи 17 декември 2025: Детален дневен хороскоп за сите знаци

ДЕСК

Децата што добиваат премногу подароци подоцна имаат 3 проблеми

C +