Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Кујната од Centar Направи Сам

СТАР РЕЦЕПТ – Подгответе го ајварот полесно од било кога

Идеален рецепт за презафатените домаќинки кои немаат многу време за подготвување зимница.

Состојки:

  • 3 кг црвени пиперки
  • 2 поголеми модри патлиџани
  • бибер во зрна
  • масло
  • 1 главица лук
  • шеќер
  • половина чаша оцет
  • сол

Начин на подготовка:

Пиперките добро измијте ги, исчистете ги и сомелете ги. Ставете ги на масло и пропржете.

Додајте мелени модри патлиџани кои претходно сте ги измиле и излупиле. Продолжете со пржење и додајте сечкан бел лук, сол, малку шеќер, оцет и бибер во зрно по вкус.

Готовиот ајвар ставете го во чисти стаклени тегли.

Добредојде за есента и мирисот на тазе ајвар 🙂

 

Можеби ќе ве интересира

Рецепт за пилешки крилца со ајвар: Крцкав и зачинет ручек за есенските денови

M T

Сочни, чоколадни, се топат во уста – рецепт за легендарните Нанаимо коцки

M T

Вкусен и лесен рецепт за стек

M T