Времето ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува умерен, а по должината на Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 км/час), што ќе предизвика опаѓање на температурите.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 18, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. УВ=7
Во Скопје сончево со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Утре и задутре ќе се задржи стабилно со свежи утра, а дневната температура ќе биде во благ пораст. В недела на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а на места се очекуваат и пообилни врнежи.
Повремен пороен дожд со ретки грмежи ќе има в понеделник.