5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЛТУРА

Во Скопје ќе биде откриен мурал во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески

На 7 септември, вторник, во 20 часот по повод 30 години независност на Македонија и 100 години од раѓањето на Блаже Конески, во Кинотеката ќе бидат проектирани документарни филмови и ќе биде откриен муралот посветен на великанот на македонскиот јазик и култура Блаже Конески.

Блаже Конески (Небрегово, 19 декември 1921 – Скопје, 7 декември 1993) е еден од најистакнатите македонски книжевни, културни и јавни дејци. Академик, поет, прозаист, есеист, книжевен историчар, филолог и лингвист, преведувач, реномиран славист и професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Тој бил и еден од кодификаторите на современиот македонски литературен јазик, основач на Македонската академија на науките и уметностите и една од најзначајните личности во македонската книжевност.

Творештвото на Конески е богато и опфаќа голем број прозни, поетски, есеистички и други дела. Конески е добитник на најзначајните државни награди за своето творештво, меѓу кои и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата (1981), како и бројни меѓународни признанија.

На вечерта посветена на стогодишнината од раѓањето на великанот ќе бидат проектирани документарни филмови и тв-емисии инспирирани од неговиот живот и посветени на неговото книжевно дело: десетина куси филмови произведени 2021 по нарачка на Министерството за култура на РСМ, а по повод одбележувањето на јубилејот на Конески, потоа документарните ПРИЛЕП, ВЧЕРА И ДЕНЕС (1959) и ДЕН КОГА СЕ ПРОШТЕВА (1976) во продукција на Вардар филм, како и телевизиските проекти ШАХОТ ВО МАКЕДОНИЈА (2007) и ТВ ЛЕКТИРА – „РАКУВАЊЕ“ ОД БЛАЖЕ КОНЕСКИ (2004).

Во соработка со Фестивалот за урбана култура „Мурал“, кој годинава бележи три години постоење, ќе биде крериран мурал на површина од 20 м2, изведен во чест на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески. На него ќе биде отсликан портретот на Конески, задно со одредени одлики на неговото творештво.

Муралот е дело на уметникот Дејвид Стоилковски-Молерај кој има богато искуство со исцртување на мурали и графити.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Стефоска на 100-годишнината од раѓањето на Блаже Конески: Немаме потреба од одбрана туку од мудрост, по поуката од Конески „Смирноста е мудра, страсноста е глупа“

M T

Заев од Прилеп: ВМРО-ДПМНЕ гази врз македонистот Конески, а го велича Тодор Александров, предавникот на македонските војсководци

CENTAR MKD