Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Во кафитерија и ресторан само со две дози – Властите подготвуваат заострување на мерките

Експертите за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица кои примиле само една доза од вакцината за заштита од ковид – 19. Влезот ќе биде дозволен само за комплетно вакцинирани лица. Министерот за здравство Венко Филипче, денес најави дека оваа мерка ќе почне да се применува откако ќе биде оставен доволен период за граѓаните да ја комплетираат вакцинацијата.

– Експертите за имунизација имаат работни состаноци, во некој период, а ќе се остави најмалку еден месец, како критериум за јавни настани ќе биде потребно граѓаните да се целосно имунизирани. Тоа ќе се воведе по соодветна анализа на бројот на имунизирани граѓани со една доза и анализа на потребниот период за втора доза – рече министерот Филипче.

Целта и на ваквото заострување на мерките, министерот Филипче вели дека е што поголем број граѓани да се вакцинираат.

Мерката само вакцинирани со барем една доза да можат да влегуваат во ресторани, на јавни настани и во трговски центри стапи на сила на 16 август.

Можеби ќе ве интересира

Му барал 3.000 евра на градоначалник – сега е обвинет за изнуда

ДЕСК

Филипче ќе оддржи важна прес конференција во 11 часот

ДЕСК

АПСЕЊА ВО ТЕТОВО: Од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување

ДЕСК