29. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: На патот од независноста до денес света должност ни беше да го зачуваме македонскиот идентитет

„Нашата одговорност и света должност на патот во градењето на нашата држава беше да го зачуваме макеоднскиот идентитет. Не само што го зачувавме, туку и го потврдивме и зајакнавме. Засекогаш, Македонците и македонскиот јазик се впишани во ризницата на светските народи и јазици и никој повеќе нема дилеми, никој повеќе не го оспорува тоа“ кажа премиерот Зоран Заев на свечената владина седница по повод 30 години независност.

„Референдумот за независност недвосмислено ја одреди нашата иднина со 95 процентно ‘Да’ од излезените граѓани, кои во огромен број од 72 проценти од гласачкото тело, се појавија на гласачките места. Тогаш кога застанаа заедно, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Роми, Власи, Бошњаци и го сочуваа мирот во земјата и заедно ја прогласија за самостојна својата држава“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека по независноста за земјата следеа неколку тестови на зрелоста кои ги положија генераиите пред нас, но дел од нив ги положивме и ние.

„Следеше создавањето на нашата армија, монетарната самостојност и воведувањето државна валута, меѓународното признавање на државата, решавањето на внатрешниот конфликт, реализацијата на стратешките определби за членство во НАТО и ЕУ. Следуваа и соочувањата со политичките кризи кои добија дури и драматични изрази и закани по институционалниот систем и уставното уредување, градењето на демократијата, обновувањето на демократијата и враќањето на слободата, и многу други општествени ангажмани на многу граѓани на Северна Македонија“ кажа Заев.

Премиерот додаде дека сите со многу работа и вложен труд и со искушенија од коишто се учи секогаш можеме повеќе и подобро.