23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Горан Пандев, Ранко Бубамара и други јавни личности се вклучија во „Вакцинирај се“

Кон „Вакцинирај се – за моменти за среќа“ се приклучуваат се повеќе јавни личности. Додека протестите на таканаречените „антиваксери“ стануваат се повеќе скандалозни, спортистите, музичарите и актерите, кои служат за пример во општеството станаа дел од националната кампања на Владата и ја пренесоа пораката „Вакцинирај се“, за враќање на нормалното секојдневие.

Дел од нив е и доскорешниот капитен на фудбасакта репрезентација, Горан Пандев, како и музичарот Никола Перевски – Пере, кој упати повик граѓаните да се вакцинираат, за да се вратат добрите, безгрижни забави и ноќниот живот кој за време на пандемијата целосно замре.

Од друга страна, актерката Сабина Мемиши пренесе порака дека вакцинацијата е начин да се врати долгиот театарски аплауз, а столчињата пред сцената која за актерите значи живот веќе да не бидат празни.

Во кампањата се вклучија и пејачите Благоја Груевски и Дани Димитровска. „Радоста е уште поголема ако се сподели со другите, а токму тоа е она што за време на пандемијата најмногу ни недостасуваше. За да се вратат концертите, свадбите и прославите на големите животни достигнувања – вакцинирај се“, апелираа тие.