15. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Груби: Целата Влада ја поддржува Теута Арифи, таа е челична дама

Јас и сите мои колеги министри и други функционери од сите ешалони стоиме зад Теута Арифи и општина Тетово кон реализација на сите проекти предвидени во нејзината програма, изјави денеска првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби.

„Таа е челична дама која го предводи Тетово во промената што се случува во неговата историја во овие изминати 8 години. Јас не сакам да застанеме тука туку да продолжиме понатаму, а за таа цел Теута има апсолутна поддршка од сите од нас“, рече Груби најавувајќи дека Тетово ќе стане градежно поле од сите страни во однос на реализација на проектите.

„Дама како Теута застанува на чело во битката на тетовци со „Ковид“ отварајќи нови центри за вакцинација, обезбедувајќи вакцини, борејќи се за учениците во училиштата и тоа е токму она што му треба на Тетово. Тетово има потреба од Теута Арифи затоа што таа му доликува на Тетово“,нагласи Груби при посетата на Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Битола: СДСМ се враќа!

ДЕСК

Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

ДЕСК

Филипче: Во програмата на Бузлевски никој не е заборавен, со него Ресен повторно ќе се развива

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.