Мотото „останете гладни, останете детињаст“ е рецепт за успех без разлика на професијата, тврдеше Стив Џобс, ко-основач на една од највлијателните компании „Епл“, додека беше жив.
Ова важи за оние бунтовници кои гледаат на работите поинаку – не сакаат правила. Може да не се согласувате со нив, можете да ги величате или мразите, но единственото нешто што не можете да го направите е да ги игнорирате.
„Затоа што тие ги туркаат луѓето напред и иако некои ги сметаат за ексцентрични, јас ги сметам за генијалци бидејќи луѓето кои се доволно луди да мислат дека можат да го сменат светот се тие што всушност го прават тоа, велеше вечниот бунтовник Стив Џобс.
Многу успешни бизнисмени се потпираа на неговите пет правила за ефектна презентација, а првото правило е: „Продавај го она што е корисно“.
Неговото второ правило беше и важи и денес: „Сè е е во презентацијата и треба да вежбате многу за еден ден да оставите добар впечаток кај вашите клиенти. Чувството за неформалност е клучно.“
Тој секогаш истакнуваше дека неговите најдобри упатства за животот се љубопитноста и интуицијата, но и нескротливата волја. Има нешто во мудриот тактички пристап „како успешно да се продаде содржина“.
Третиот совет е нешто што многумина го забораваат – изгледот на она што го нудите е од суштинско значење. Мора да биде стилски ефектен, но едноставен.
„Сервирајте им страст“ е четвртиот совет. Стив Џобс имаше заразен ентузијазам. Неговото четврто правило за успех е: Вклучи страст, енергија и ентузијазам. Без нив, вашата порака и напор ќе изгледаат неубедливо. Дури и ако производот или проектот на кој работевте е врвен, на луѓето ќе им биде потешко да го разберат ако не им го сервирате со страст.
Снажна порака – На крајот на секоја презентација, Џобс додаваше „и само уште една работа“. Неговите говори беа театар сами по себе и такви харизматики се ретки, но секој може да се обиде да ги подобри своите говорни вештини. За почеток, не заборавајте секогаш да ја завршите презентацијата со силна порака.
„Интуицијата води до одлични резултати – понекогаш животот ве удира со тула во глава. Не губете верба. Убеден сум дека единственото нешто што ме водеше беше дека го сакам тоа што го правам. Мора да го пронајдете она што го сакате. Ова важи и за бизнисот, како и за љубовта. Вашата кариера ќе заземе многу од вашиот живот и единствениот начин да бидете навистина среќни е да го правите она што сметате дека е одлично. Ако се уште не сте нашле работа што ве исполнува, продолжете да барате.“
„Како и за сите ситуации во кои одлучува срцето, ќе знаете кога ќе ја најдете. И како добра врска, ќе станува подобро и подобро со текот на годините.“ Тоа беше дел од легендарниот говор на визионерот Стив Џобс на Стенфорд во 2005 година.
Во меѓувреме, тој стана еден од најголемите иноватори.