Интегрално ја пренесуваме Прес-конференцијата, Ненад Коциќ, пратеник на СДСМ:
Бројот на нови случаи со заразени од ковид 19 во последните денови забрзано расте, инфективните оделенија се полнат.
Вкупно се аплицирани над 1 милион доци, а ревакцинирани над 500.000 граѓани од кои само 0.002% се заразиле, што укажува на тоа дека вакцините се безбедни и ефикасни.
Вакцинацијата е клучна за да спречиме натамошно ширење на вирусот. Смртноста демне како опасност само кај невакцинираните.
Апелираме и ги повикуваме граѓаните коишто досега не го сториле тоа да одат во најблискиот пункт и да се вакцинираат.
Отворени се нови пунктови, има доволно вакцини, исклучително е важно за заштита на сопственото но и на јавното здравје.
Секоја вакцина е безбедна. Вакцината ја намалува шансата од заболување од вирусот, спречува тешки форма на болеста и можеби најважно штити од најлошото, смртен исход.
Едноставно што повеќе вакцинирани тоа помалку смртни случаи, толку помалку заболени во болница.
Теориите на заговор и дезинформациските кампањи кои ги пласираат разни центри, кои ги одвраќаат луѓето од имунизацијата и создаваат недоверба кон науката и медицината се на штета на граѓаните.
Исто така, исклучително е важно да се почитуваат и новите мерки. Тие се нужни за заштита на здрвјето и се применуваат и во други земји.
Затоа, да бидеме одговорни кон себе и кон другите и да дадеме свој придонес во оваа борба која е заедничка за целиот свет.