За два дена, уапсени се две лица Преспанско-Пелагонискиот Регион осомничени за подметнување пожар каде се активни се неколку пожари, а властите апелираат граѓаните да се воздржат од секакви активности кои ќе придонесат за разгорување на пожарите особено во критичните региони и поради високите температури.
Во неколку случаи е утврдено дека пожари се настанати поради искрење помеѓу жици на бандери или далекуводи, пради што во тек е изработка на барање до ЕВН за да ги проверат нивните системи за дистрѕбуција на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов.
Тој напомена дека овие искрите паѓаат на земја, а доволно е само една од нив за да предизвика пожар, посочувајќи дека вчера во кумановскиот регион имало и сведоци кои виделе искрење на жиците.
Во однос на прашањето како се одвива евакуација на жителите, тој посочи дека евакуацијата е оставена последна, бидејќи во овој момент нема загрозени куќи.
Тој напомена дека апелите не се во наоска на ширење на паника, туку на прво место да се заштитат човечки животи, затоа што, како што рече, „нови куќи ќе се направат, но човеков живот не може да се врати.
Владата секојдневно ги извршува сите свои функции, а согласно состојбата со пожарите министрите секојдневно заседаваат и одржуваат седници преку онлајн видео конференциска врска и навремено и непречено ги носат сите потребни одлуки, велат од Владата од каде информираат дека во периодот од 3 до 12 август дел од членовите ќе искористат денови од годишен одмор.
Владата посочува дека согласно меѓусебна координација, дел од министрите нема да користат денови од годишен одмор во овој период, а со цел да се обезбеди и теренска и канцелариска координација на активностите секогаш и секаде каде што тоа е потребно.
-Овие денови теренската координација е обезбедена од страна на првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за земјоделство Аријанит Хоџа, министерот и заменик министерот за информатичко општество и администрација Шакири и Бајдевски, министерката и заменик министерот за образование Царовска и Шабани, заменик министерот за внатрешни работи Буши, заменичката министерка за животна средина Оџаклиеска, заменикот министер за труд и социјала Енвер Хусин, заменикот министер за здравство Илир Хасани, заменик министерот за правда Нухиу.
-Премиерот Зоран Заев користи денови од годишниот одмор до 12 август, а е во постојана телефонска и интернет координација со сите ресорни министерства и надлежни институции“, се вели во соопштението.