23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата апелира до граѓаните да не се движат во шумските подрачја, наутро стапува на сила целосна забрана за движење

Владата на Република Северна Македонија апелира до сите граѓани да не се движат низ шумските подрачја во земјата заради заштита на личната безбедност и заради спречување натамошно ширење на пожарите.

Во текот на утрешниот ден (вторник, 3 август) стапува на сила целосна забрана за движење во шумските предели низ Републиката.