23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров: Претседателот Трајковски имаше лидерство и застана на вистинската страна, за земјата да продолжи да се гради

„Од оваа историска перспектива 20 години подоцна, ова се чини единствено исправно, меѓутоа, во тој период не беа многу луѓето што тоа го видоа. Во услови кога многумина ја туркаа работата во погрешен правец повеќе кон поделба, претседателот Борис Трајковски имаше лидерство и застана на вистинската страна на историја што овозможи нашата Македонија, денес Северна Македонија да се гради вака како што се гради“ кажа вицепремиерот Никола Димитров на тематската седница на Владата посветена на 20 годишнината од Охридскиот рамковен договор.

Тој додаде дека поради тоа што не сме голема земја нашиот модел е недоволно познат, а тој може во денешната глобална криза на либералната демократија да понуди модел за решение.

„Во голем дел од државите допрва се отвораат овие теми и мислам дека треба оваа 20-годишнина да ја искористиме малку повеќе за да го зголемиме дијалогот околу концептот ‘Едно општество за сите’. Еднакво општество за сите и во етничка смисла и во религиозна смисла, па дури и во социјална смисла“ кажа Димитров.

Вицепремиерот кажа дека Владата треба да ја поддржи општествената дебата за да се овозможат еднакви шанси за сите.