7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВИНОВНИ СЕ: Трајко Вељановски осуден на 6,5 години затвор, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески на 6 и 3 месеци, а Владимир Атанасовски на 6 години затвор

На судењето за организаторите за упадот во Собранието на 27 април, поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски е осуден на шест години и шест месеци затворска казна, поранешните министри за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, на шест години и три месеци, а поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, на шест години.

Сите се обвинети за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”.

Според Судот, настанот е плански организиран со единствена цел задржување на власта. Како отежителна околност Судот го зел предвид загрозувањето на животот на пратениците при упадот.

Како олеснителни околности Судот го наведе тоа што обвинетите се релативно млади луѓе, се со високо образование, имаат оформено семејство и се родители, како и тоа дека против нив не се водат други постапки и дека изразиле жалење за настанот.

Судскиот процес за организаторите на насилствата од 27 април во Собранието започна на 21 февруари минатата година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.

Можеби ќе ве интересира

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК