Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар.
Возилото е сопственост на фирма од Куманово.
Момчето од селото Сопот, Кавадаречко, вршело ископ во водите на Вардар, во атар на с.Црвени Брегови.
„При падот на возилото во реката, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.
Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.