9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/архива
МАКЕДОНИЈА

Уапсен скопјанец поради разбојништво, присилно одзел пари

45-годишен скопјанец е уапсен вчера откако полицијата го сомничи за кривично дело разбојништво.

Според МВР, во текот на вчерашниот ден од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција е лишено од слобода лицето Н.Д.(45) од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршил кривично дело разбојништво.

Тој на 18.6.2021 во нас. Илинден со употреба на физичка сила од Л.Т.(74) одзел пари. По насоки на Јавен обвинител тој е задржан во Полициска станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на материјалот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл.237 од Кривичниот законик.

Можеби ќе ве интересира

„Божиновска со амбасадорот Сулстром: Шведска поддршка за енергетски реформи и инфраструктурни проекти во Македонија “

ДЕСК

Истрага против четири лица за препродавање на дрога

ДЕСК

Петрушевски: Филипче трча на избори за да го спроведе планот и шемата на Заев со Бугарија, а не за граѓаните

ДЕСК