Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Ужас: Силувана малолетничка од Скопско, силувачот бил колега на нејзиниот татко

Малолетничка од Скопско била силувана од колега на нејзиниот татко. Настанот се случил во месец јули минатата година, но силувачот пред еден месец повторно се обидел да го силува малолетното девојче, соопштува полицијата.

Настанот во полиција го пријавила нејзината мајка.

Според МВР, вчера во 10:45 часот во Полициското одделение Петровец, 36-годишна жена од скопско село пријавила дека во текот на јули 2020 А.А., колега на нејзиниот сопруг, извршил обљуба врз нејзината малолетна ќерка.

Како што е пријавено, пред еден месец тој повторно се обидел да изврши обљуба врз малолетничката, но родителите за овие настани дознале отпосле.

Надлежните органи информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Ангелова: Позитивната оценка од ЕК за образованието и отворањето нови градинки се чекор кон подобри услови за децата и младите

ДЕСК

СНЕГОТ СЕ СПУШТА И КОН ПОНИСКИТЕ МЕСТА – УХМР најавува снежна покривка до 20 сантиметри и силно заладување

ДЕСК

ГОРЕШЕ СТАН ВО ОХРИД, ОСУМ ЛИЦА ИТНО ПРЕНСЕНИ ВО БОЛНИЦА, УАПСЕН МАЖ КОЈ СЕ СОМНИЧИ ДЕКА ГО ЗАПАЛИЛ – Ова се првите детали од моменталните настани во Охрид

ДЕСК