11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Жестока реакција на Градоначалникот на Ѓорче Петров, по лажните вести на неколку интернет портали

– Груба манипулација е информацијата на одредени портали лиферувана од опозициската партија дека во текот на вчерашниот ден наместо на седница на Совет сум бил по кафеани, се вели во жестоката реакција на Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумовски по лажните вести на неколку портали поврзани со опозицијата.

– Како член на Националниот совет за евроинтеграции, истовремено со седницата на Совет, во Собранието присуствував на седница на која беа презентирани програмата и приоритетите за работата на словенечкото претседателство со Советот на ЕУ.

За седницата во Законодавниот дом објавив и на социјалните мрежи.

Присутна на седницата на Совет беше дел од администрацијата која е подготвена соодветно да одговори на сите советнички прашања.

Крајно време е советниците да прекинат да се служат со невистини и погрешно да информираат. Наместо тоа, силите нека ги насочат кон реалните проблеми на граѓаните на Ѓорче Петров и нивно решавање, вели Наумвски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Депониите трујат, ВМРО ДПМНЕ е елементарна непогода за Скопје

C +

Петровска побара декласификација од АНБ: Зошто бил сменет шефот на внатрешната контрола, дали полиграфистот си дал отказ?

C +

Шукова: Вардариште и Дрисла – симболи на распадот во системот за отпад, а ВМРО-ДПМНЕ без решение

C +