Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Дигитализацијата на судството набрзо започнува

Министерот за правда Бојан Маричиќ денес учествуваше на состанокот на работната група на земјите од Западен Балкан, на кој истакна дека дигитализацијата е во завршна фаза и наскоро ќе се започне со опремување на првите судови низ државата.

Маричиќ се осврна и на важноста и придобивките од дигитализацијата во земјите од Западен Балкан во олеснувањето и подобрувањето на пристапот до правдата за граѓаните од целиот регион.

„Заедничката дигитална стратегија на земјите од Западен Балкан ќе ги забрза напорите за интеграција во ЕУ. Се очекува да донесе побрзи промени во однос на владеењето на правото, да помогне да се создаде функционална пазарна структура во регионот и ја поттикнува модернизацијата на администрацијата и општеството“, рече Маричиќ.

Денешниот состанок на работната група составена од претставници на министерствата за правда од Западен Балкан има за цел продлабочување на регионалната соработка во поврзувањето на регионот, размената на искуства и поддршката процесот на дигитализација, која е од круцијално значење, особено на патот кон евроинтеграциите.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ПОПУШТИ ЗА СПОРНИОТ ЧЛЕН – Избришана одредбата што ја оспори претседателката

ДЕСК

ПОЛИТИЧКИОТ ВАКУУМ НА БАЛКАНОТ НЕ ТРАЕ ДОЛГО – Сиљановска-Давкова предупреди од Париз

ДЕСК

ЕВРОПА НЕ СМЕЕ ДА СЕ КОЧИ СО БИЛАТЕРАЛНИ СПОРОВИ – Порака од средбата на двајцата претседатели

ДЕСК