23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Шефот на „Астра зенека“ си купи нова луксузна куќа во австралискиот Беверли Хилс

Генералниот директор на „Астра зенека“ се почести со нова куќа во отмениот кварт Мосман во Сиднеј. Населбата е еден вид австралиски Беверли Хилс, а за куќата платил речиси осум милиони долари.

Паскал Сорио (61) моментно е во Европа, како што неодамна изјави менаџерот на компанијата за односи со јавност, но тоа не ја спречи неговата сопруга оваа недела да ги сместува своите предмети во четирисобната дизајнерска вила, која, меѓу другото, има и голем подрум, домашно кино и сала за вежбање.

Платата на директорот на „Астра зенека“ изнесува 27,5 милиони долари, па, така, како што се очекуваше, тој не мораше да зема кредит за вилата. Иако е напишано многу за тоа како оваа петта по големина фармацевтска компанија во светот му дава многу пари, тој еднаш изјави дека има најниска плата од сите директори во неговата индустрија.

Сорио ја купи новата куќа од инвеститорот во недвижности Фил Арнолд и неговата сопруга Мишел, а зградата е во нивна сопственост од 2005 година, кога ја купија за 3,95 милиони долари.

Директорот на „Астра зенека“ има двојно државјанство – француско и австралиско. Неговите деца и внуци денес живеат во Австралија. Во март оваа година тој за австралиските медиуми изјави дека силно се залага вакцината да се произведува во Австралија бидејќи сака да ја обезбеди стратешката независност на таа земја.

„Тоа е моја земја и сакав да се осигурам дека луѓето овде се добро заштитени“, рече тој.

Патем, Сорио е страстен купувач на недвижности. Уште во 2013 година купи куќа во предградието на Сиднеј, во населбата Лавандер, и плати 3,5 милиони долари за тоа. Има три браќа и сите се лекари, а во фармацевтската индустрија е од 1982 година.

Тој, всушност, ја почна својата кариера студирајќи ветеринарна медицина, а неговата прва работа беше ветеринар за коњи. Тој изјави дека ќе го стореше тоа дури и денес да не беше директор на компанија. Подоцна, во образованието тој се фокусирал на бизнисот и студирал финансии, не само анатомија.

Работел разни работи во Токио, Америка и во Австралија, каде што и останал. Своите први чекори во фармацевтската индустрија ги направи во „Санофи“, Франција, каде што беше шеф на американскиот пазар.

Многумина го нарекуваат човекот што ја спаси „Астра зенека“ – компанијата некогаш сакаше да ја купи „Фајзер“, но Сорио остро се спротивстави.

Тој е голем обожавател на Грета Тунберг и работи на тоа да се осигури дека „Астра зенека“ не остава никаков отпечаток на јаглерод.

Можеби ќе ве интересира

По 10.000 дози од „Астра зенека“ и „Спутник“ се очекува да стигнат во следните денови

M T