За време на викендов во попладневните часови ќе има развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град.
Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.
Потоа следува период на стабилно време, освен во понеделник кога ќе има услови за изолирана појава на нестабилност.
Прогноза за 11.07.2021
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 28°C до 35°C
Променливо облачно, од пладневните часови ќе биде нестабилно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, силни електрични празнења и појава на град. УВ=8
Прогноза за 12.07.2021
Минимална температура: 13°C до 20°C
Максимална температура: 30°C до 37°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со Пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен претежно северен ветер. УВ=8
Прогноза за 13.07.2021
Минимална температура: 12°C до 21°C
Максимална температура: 32°C до 39°C
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. УВ=9