„Сакам да го споделам чувството што значи Бајден, Меркел, Макрон да имаат по еден глас во НАТО и Зоран Заев да има еден глас. Што значи сите 30 лидери на земјите-членки на Алијансата да дискутираат и го слушаат мислењето на Заев од Северна Македонија. Земја која е помала од нив, но не слушаат, запишуваат и нашите ставови и препораки се дел од политиките на НАТО“ рече премиерот Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.
Тој доаде дека со членството во НАТО ја добивме гаранцијата за нашата татковина и дека ги осигуравме безбедноста и стабилноста.
„Се кроеја капи и од надвор и од дома. Денес како членка на НАТО никој не ни помислува да ја дели и распрачува земјата. Конечно имаме имотен лист, безбедноста, сигурноста и стабилноста се осигурани. А НАТО значи и економија и инвестиции и повисок стандард за сите“ рече Заев.
Како што кажа премиерот, денес освен нашата армија и полиција, територијалниот интегритет и границите на Северна Македонија ги штити и НАТО.
„Тоа можеше да биде направено и претходно во годините по независноста, но немаа карактер и храброст. Поважни им беа други работи, а ние покажавме дека можело. Денес и грчкиот премиер и целиот свет зборуваат за Макеодонци, кои зборуваат македонски јазик.“ рече Заев.