Денес ќе се задржи сончево и многу топло време со максимални температури кои вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени.
Во петок и понатаму ќе биде многу топло, но облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилно на повеќе места ќе биде во деновите од викендот, кога во попладневните часови на места ќе има и поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град.
Температурата во овие два дена ќе биде пониска за неколку степени.
Прогноза за 09.07.2021
Минимална температура: 12°C до 23°C
Максимална температура: 32°C до 39°C
Сончево и многу топло, попладне со умерена облачност. Кон крајот на денот ќе има појава на локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. УВ=9
Прогноза за 10.07.2021
Минимална температура: 13°C до 21°C
Максимална температура: 29°C до 36°C
Претпладне сончево и топло со мала до умерена облачност. Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град. УВ=8
Прогноза за 11.07.2021
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 28°C до 35°C