22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадин Костадинов: Преспа форум дијалогот ја потврди силната меѓународна поддршка за нашата држава и дополнително ја зајакна нашата меѓународна позиција

Прес-конференција, Костадин Костадинов портпарол на СДСМ и пратеник:

Преспа форум дијалогот што пред неколку дена се одржа во Охрид е историски важен настан кој носи зајакнување и дополнителна афирмација на нашите меѓународни позиции.

Како никогаш досега сведочиме на силна, и на дело потврдена поддршка од нашите сојузници од западниот свет.

Сите наши најважни меѓународни сојузници, во срцето на словенската писменост – Охрид, потврдија дека македонскиот идентитет и јазик се прашање кое е затворено и кое не може да биде услов за напредокот кон ЕУ.

На целиот свет му е јасна нашата цврста определба да не се задира во македонскиот идентитет и јазик во изнаоѓањето решенија за продолжување на патот кон ЕУ.

Нашите црвени линии се јасно поставени, а впрочем тоа го докажува и односот на Бугарија во изминатиот период и почитта која ја добиваме од нашите сојузници.

Ставовите на СДСМ, на Владата се јасни и повеќе пати повторени како дома така и надвор –интеграција во ЕУ само како Македонци, со потврден македонски јазик и идентитет.

Како одговорна, државотворна партија продолжуваме посветено да работиме на интеграцијата, да ги унапредуваме односите со меѓународните сојузници, а европските стандарди и вредности да ги носиме дома, затоа што ние сме Европа.

Така се работи за државата, така се работи за иднината на сите наши граѓани.

Можеби ќе ве интересира

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T

Каевски: Референдумот на Мицкоски е против ЕУ, против македонски јазик, македонски идентитет и нема да успее

M T

Богоев: Нашата земја има план А, членство во НАТО и ЕУ, се друго е спротивно на државниот интерес

M T

Коста Костадинов на чести средби со граѓаните – Ретко одат на седниците на општинските совети, ама сакаат средби со градоначалници

M T