5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски е изгубен во своите блокади, нема доследен став и се што прави е против државните и националните интереси

Реакција на СДСМ на прес-конференција на Христијан Мицкоски

Се што прави Христијан Мицкоски е против државните и национални интереси, тој до толку е изгубен во своите блокади што еден ден зборува едно друг ден друго.

Ако Мицкоски не е сигурен во својот идентитет, во јазикот кој го зборува, нема потреба да поднесува резолуции.

Македонскиот јазик и македонскиот идентитет се меѓународно потврдени и признаени и нема потреба од било каква расправа за тие прашања особено не во македонското собрание.

Политичар како Мицкоски кој ги кочи интегративните процеси на државата не може да понуди никаква европска агенда.

Очигледно е дека тој ќе измисли се само за да ги блокира тековните мерки и политики што носат придобивки за граѓаните и државата.

Затоа е таму каде што е, сам и изолиран во опозиција, каде и долго ќе остане, затоа што граѓаните јасно кажаа дека се против деструктивни политичари кои сакаат државата да ја вратат назад во изолација.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата активно презема мерки за поддршка на стопанството и за отворање нови работни места

C +

Тошковски за дивеењето на скопските улици: Нема храброст во ризикување животи за неколку секунди внимание

C +

Утре, сончево време, со локална појава на дожд и грмежи

C +