7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Во Грција од денеска може да се влегува и преку Меџитлија и Дојран

Грција ги отвори сите копнени гранични премини со соседните земји.

Покрај преминот Богородица, од денеска ќе може да се патува и од граничните премини на Меџитлија и Дојран.

Граничните премини ќе работат 24 часа.

За патување во Грција, задолжителен е документ сертификат за вакцинација – 14 дена по примената втора доза, или негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид (брз) тест до 48 часа пред пристигнувањето во Грција. Влезот е дозволен и со потврда за прележан коронавирус, како и пополнет PLF формулар.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски до Филипче: Кажи јавно што мислиш за твојот ментор и гуру?

ДЕСК

Филипче со моќна порака до Христијан Мицкоски

ДЕСК

(ФОТО) Митингот на СДСМ започна – еве колку народ се насобра во Валандово

ДЕСК