22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
https://multimedia.europarl.europa.eu/en/2nd-european-parliament-western-balkans-speakers-summit-arrivals-and-roundtable-signing-of-joint-declaration-family-photo_I208147-V_v
МАКЕДОНИЈА

Втор самит на претседатели на Парламентите Европскиот Парламент –Западен Балкан

Заедничка декларација

Ние, претседателите на парламентите на Западен Балкан,заедно со претседателот на Европскиот Парламент и претседателите на Португалскиот и Словенечкиот Парламент, кои го претставуваат сегашното и претстојното претседателство со Советот на Европската унија.

1. Ја потврдуваме централната улога на парламентите во процесот на проширување и се посветуваме на заедничката соработка за понатамошно зајакнување на нејзината парламентарна димензија, вклучително и во поглед на Самитот ЕУ-Западен Балкан во 2021 година.

2. Нагласуваме дека Парламентите треба дополнително да ја унапредат својата улога како инклузивни простори за дијалог и размена на ставови, поттикнувајќи меѓусебно разбирање и помирување на Западен Балкан, со што директно придонесуваат за мирот, стабилноста, напредокот и посилната демократија во регионот.

3. Се посветуваме на унапредување на култура на меѓупартиски дијалог и консензус во клучните реформски области, вклучувајќи владеење на правото, фундаментални права и зајакнување на демократските институции со цел да напредуваме на нашиот европски пат; ја нагласуваме дека независноста на судството, плурализамот, слободата на медиуми, родовата еднаквост и инклузивниот пристап кон граѓанското општество се суштинските европски вредности кои што треба постојано да се поддржуваат; ја истакнуваме важноста на борбата против дезинформации и лажни вести кои го загрозуваат мирот и заемното разбирање во и меѓу општествата.

4. Ја обновуваме нашата заложба за зајакнување на парламентарната демократија работејќи заедно преку меѓупарламентарни дијалог икористејќи ја поддршката на Европскиот Парламент во областа на медијација и дијалог, градење на парламентарни капацитети, набудување на изборите и активности за човекови права.

5. Изразуваме благодарност за делата на солидарност и соработката помеѓу Европската Унија и Западен Балкан во борбата против пандемијата КОВИД-19 и нејзините последици.

6. Ја поздравуваме досега невидената финансиска поддршка од Европскатаунија во корист на Западен Балкан, што ги потврдува напорите на Европската унија да придонесе за одржлив развој и долгорочно социо-економско закрепнување на регионот.

7. Ја нагласуваме важноста на функционалната пазарна економија и заедничкиот регионален пазар како камен–темелник на социо-економската отпорност и Европската интеграција на целиот Западен Балкан; ја искажуваме нашата посветеност да го олесниме спроведувањето на Економскиот Инвестиционен План за Западен Балкан на Европската Комисија, како и иницијативите одобрени во Софија, во Ноември 2020 година–основата за Заедничкиот Регионален Пазар, Зелената Агенда за Западен Балкан и зајакнувањето на дигитализацијата, младинската соработка – со цел да се обезбеди одржлив економски развој и да се постигнат Европските стандарди.

8. Ги препознаваме предизвиците кои ги предизвика пандемијата со КОВИД-19 во секојдневното функционирање на Парламентите и ја поздравуваме еластичноста и капацитетот за прилагодување на нашите институции. Подвлекуваме дека најважно е што нашите Парламенти ја сочуваа својата улога во време на пандемија и во времето по пандемијата преку целосно извршување на нивната улога во законодавството, истрага и надзор.

9. Ја нагласуваме важноста од вклучување на претставници на Парламентите, граѓанското општество и граѓаните на Шестката од Западен Балкан на Конференцијата за иднината на Европа.

10. Го повикуваме Советот на Европската унија да ги исполни своите ветувања и итно да преземе одлучни активности за забрзување на процесот на проширување; нагласуваме дека Европска перспектива и процесот на пристапување во ЕУ заснован на заслуги на Западен Балкан остануваат на сопствениот политички, надзорен и економски интерес на ЕУ; потсетуваме дека проширувањето останува повеќе од било кога геостратешка инвестиција во стабилна, силна и обединета Европа.

11. Се обврзуваме да се вклучиме и заедно да работиме во насока на унапредување на законодавството и градење на капацитетите на релевантните комисии за следење на заштитата на животната средина, усогласување на законодавството со ублажувањето и прилагодувањето за климатски промени во согласност со Парискиот договор и Европскиот зелен договор; еднакво да се посветиме на зголемувањето на еластичноста на регионот на Западен Балкан во однос на климатските промени со намалување на штетните практики, спречување на загадувањето и деградација на реките и морињата и спроведувањето на строгите политики за заштита на биодиверзитетот.

12. Ја потврдуваме нашата заложба за одржување на Самити на претседатели на Парламенти на Западен Балкан со претседателот на Европскиот парламент и претседателот на Парламентот-претседавач со Советот на Европската унија во редовни интервали, како форуми за размена и соработка на највисоко парламентарно ниво.

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ од Брисел: Скринингот ќе ги забрза реформите, имаме основа да напредуваме со добро темпо

M T

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири ќе учествува на Самитот на ОН за трансформација на образованието

M T

Ковачевски на Самитот „Отворен Балкан“: Низ конкретни чекори ја унапредуваме регионалната соработка, на патот кон ЕУ – Отворен Балкан е функционална иницијатива

M T

Премиерот Ковачевски денеска ќе учествува на лидерскиот Самит „Отворен Балкан“ во Белград

M T

Република Северна Македонија во Брисел го започнува процесот на објаснувачки скрининг

M T

Маричиќ од Брисел: Мои сограѓани бидете горди, обезбедивме европска иднина

M T