Прес-конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник
Почитувани,
Владата предводена од СДСМ и премиерот Зоран Заев продолжуваат да инвестираат во човечкиот капитал во сите сектори.
Во тек е исплатата на 5 отсто бонус на платите за месеците март и април на вработените во јавните здравствени установи.
За две недели ќе им биде исплатен и бонусот од 5 отсто за месец мај.
Од септември зголемување на платите ќе добијат медицинските сестри и техничарите кои инвестирале во своето образование по 2015 година, со што ќе се исправи неправдата кон овие медицински лица кои досега не можеа да го валоризираат своето образование преку својата плата.
Покрај здравството, се инвестира и во човечкиот капитал во безбедноста. На 4.471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, исплатена им е бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари.
Одговорните економски политики на СДСМ придонесуваат платите постојано да растат, а невработеноста постојано да опаѓа.
Просечната плата за месец април 2021 изнесува 28.438 денари.
Тоа е раст од 10,1 отсто во однос на истиот месец 2020 година.
И во време на пандемија, на светска економска и здравствена криза, невработеноста не се зголеми. Напротив, денес бележиме историски најниска стапка на невработеност од 16 отсто.
Истовремено, во последните месеци бележиме силен раст на индустриското производство и извозот, што докажува дека денес македонската економија е стабилна, динамична и конкурентна.
Сето ова почитувани е потврда за успешноста и ефикасноста на економските политики што ги презема Владата предводена од СДСМ.
И не застануваме тука. Продолжуваме со навремени, ефикасни мерки и политики што обезбедуваат економски раст и повисок животен стандард.
Официјални податоци потврдуваат дека СДСМ ја има најдобрата понуда за македонската економија, најдобрата понуда за државата.