„СДСМ и за време на пандемија покажа како се работи, цела година силите беа насочени кон справување со пандемијата и економските последици“, истакна на партиската трибина во Дебар пратеничката Белкиса Зеќири, додавајќи дека во изминативе четири години власта покажала што значи да се има визија за креирање политики и затоа со чист образ излегува пред граѓаните.
-СДСМ има цел парите да бидат насочени за потребите на граѓаните, за разлика од режимската власт кога им беше важно со стиропор да го пљачкаат буџетот. Ние со истите пари градиме модуларни болници, реновираме операциони сали… Нашата цел е да изградиме нов Клинички центар. Законот е во Собранието, но за жал ВМРО-ДПМНЕ го блокираше со над две илјади амандмани. Ние им подадовме рака, но и тоа не го прифаќаат, вели Зеќири.
Пратеничката додава дека од опозициската партија за време на пандемијата континуирано ширеле лажни информации дека немало сместувачки капацитети или пак ПЦР тестови.
-Додека ние се боревме против ова зло тие си правеа протести без да сфатат дека може некој од нив фатално да заврши. Тоа е подигрување со животите, заклучи Зеќири.