19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Денеска во светот имаме пријатели повеќе од било кога!

„Без Дебар не можеше да се победи режимот во 2016 година, а од тогаш навака не поддржувате постојано, затоа му должиме на Дебар и треба да продолжиме да го градиме и развиваме“, изјави претседателот на СДСМ, Зоран Заев на партиската трибина пред дебрани, потсетувајќи дека ветил дека Северна Македонија ќе биде модерна мултиетничка земја, членка на ЕУ и НАТО.

-Јас сум истиот Зоран што беше кај Макрон пред некој ден, бев насекаде во светот и бевме испочитувани сите ние како народ за она што заедно го правиме во земјава. За десет до петнаесет дена поминав земји и со кои не сме имале најблиски релации во минатото, а денеска со полна уста пофалби државниците од Грција, Полска, Холандија и други зборуваат за нас, истакна Заев, додавајќи дека денеска рамноправно со сите светски сили седиме рамо до рамо, заедно дискутираме за сигурноста, но и за економскиот просперитет.

– Македонија никогаш немала повеќе пријатели од сега, но имаме обврска да работиме за татковината и да го креваме економскиот стандард, вели Заев.

Тој повтори дека пријатели сме и со оние што знаат да ни направат проблеми, како Бугарија, но дека ќе се разговара, а со дијаголот ќе се постигнат резултати.

-Честа што ни ја изразуваат во странство е благодарение на целиот наш народ. Почитувани сме бидејќи ја вративме слободата и демократија, а граѓаните се еднакви во своите права и обврски, заклучи Заев.