„Законот за дивоградби ги вади политичарите пред одлуката – дали ќе се руши или ќе се легализираат градбите“, изјави премиерот Зоран Заев во интервју на Телма телевизија. Тој истакна дека со новиот текст на законското решение кој ќе биде испратен во Собранието се земаат предвид дел од мислењата на екологистите.
-Националниот парк е сочинет од три зони, во едната од нив, за одржлив раст и развој, при легализација на дивоградбите беа потребни мислења од институциите. Таков ќе е примерот кај најновиот национален парк во Попова шапка, бидејќи селото Вратница е во третата зона, а во селото има дивоградби и требаше мислења од институциите. За да ни веруваат граѓаните ставивме во новиот текст „строга забрана“, без мислења од институциите, и сега нема да смее да има дивоградби во националните паркови, вели Заев.
Тој изрази и задоволство што нелегалните објекти на плажите во Охрид се срамнети, со што се покажува дека институциите постапуваат.
-И Струга почна да постапува и тоа го поздравуваме. Даваме буџетски пари, покрај општинските, за рушењето. Досега не се рушеше поради тоа што важеа старите закони, вели Заев.